Хрватска потешко од очекувањата славеше над Белорусија

Иако се очекуваше лесен триумф за Хрватска тоа не се случи на мечот против Белорусија на почетокот од Главната фаза во Загреб на Европското ракометно првенство. Лесно можеше да се случи изненадување. Сепак, се заврши добро по домаќинот кој славеше со 25:23.

По рутинирано изработеното прво полувреме кое го добија со 15:12, „коцкестите“ ја искомпликуваа работата во финишот од средбата. Белорусија немаше сили да го доврши тоа што го почна во финишот на средбата кога израмни на 23:23 во 58 минута. Потоа и на 40 секунди пред крајот не реалзираше напад и не успеа да извлече реми.

Стјепанчиќ и Мамиќ постигнаа по пет голови за Хрватска, Циндриќ беше стрелец на четири. Во белоруската репрезентација Јуринок со шест погодоци беше најефикасен на средбата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ