Хрватска го освои 5. место ЕП, во неизвесна завршница ја совлада Чешка

Домаќинот Хрватска го освои само петото место на 13. Европско првенство иако го посакуваше златниот медал што им недостасуваше во колекцијата. Во натпреварот за пласман славеше со 28:27 против Чешка која го оствари најдобриот пласман на континенталните собири.

Чешка го отвори мечот со водство од 1:0. Хрватска во продолжение го превзеде резултатот и не го испушти до самиот крај. На одмор замина со предност од 16:10, но во последните две ипол минути Чешка се закани и стигна само на минус еден гол негатива.

Селекторот на домаќините Лино Червар направи две промени во составот. Контрец и Јагањац играа на местото од Гојун и Вори, кој најави репрезентативна пензија.

Хорват со 10 голови беше најефикасен кај Хрватска, додека во спротивниот табор најдобриот стрелец на шампионатот Здрахала постигна 13 голови и со вкупно 55 се зацврсти на врвот од листата на стрелци.

Резултати 5. место

Хрватска – Чешка 28:27

Двојки – полуфинале:

Франција – Шпанија 18:00 (пренос, ТВ Телма)

Данска – Шведска 20:30 (пренос, ТВ Телма)

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ