
Храна има, граѓаните нема потреба да прават залихи
Храна има, граѓаните нема потреба да купуваат големи количини и да прават залихи, порача министерот за земјоделство Трајан Димковски.
Тој рече дека прехранбената индустрија е мобилизирана, а забраната за извоз на брашно е до 30 април. Дополнително, се преговара со земјите од регионот з азаеднички протокол за транспорт.
Димковски вели дека извозот на јагнето е забавен но се мобилизирале и очекуваат повратни информации и од други пазари. Откупувачите биле подготвени да го откупат целото понудено а доколу има потреба и министерството ќе интервенира.
Земјоделските здруженија велат дека ќе треба да се следи ситуацијата и доколку се појавува некад епроблем да се реагира бидејќи сточните пазари не работат а не се сигурни и како ќе се одвива откупот на земјоделските производи.
Во струмичкиот регион полека се подготвуваат за бербата на раноградинарските производи. Пролетната зелка треба да стаса за десетина дена.
Сузана Мицева