Хјустон во полуфинале, Леброн Џејмс со тројка во последната секунда го реши мечот со Индијана

Хјустон им се приклучи на Голден Стејт и Њу Орлеанс во полуфиналето на Западот во НБА плеј офот. Најдобриот тим во основиот дел од сезоната на домашен терен ја елиминира Минесота од првото коло на Западот со 4:1 во победи.

Хјустон противник во полуфиналето ќе го очекува за два дена откако Оклахома ја одложи елиминацијата совладувајќи ја пред своите гледачи Јута и намали на 3:2 во серијата прв до четири победи.

Леброн Џејмс со тројка во последната секунда го реши мечот во „Квикен Лоанс“ арената за триумф против Индијана и водство во четвртфиналната серија на Истокот со 3:2.

Торонто повторно поведе против Вашингтон со 3:2 откако триумфираше на домашен терен во петиот меч.

Резултати – плеј оф:

Запад:

Хјустон – Минесота 122:104 (4:1)

Оклахома – Јута 107:99 (2:3)

Исток:

Кливленд – Индијана 98:95 (3:2)

Торонто – Вашингтон 108:98 (3:2)

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ