
Хелсиншки со претставка до МОН за учебникот по социологија – реагираат дека повеќе учебници се со спорна содржина
Од Хелсиншкиот комитет за човекови права со писмо и претставка до Министерството за образование искажале загриженост затоа што во училиштата кај нас преку учебници се охрабруваат стереотипите. Нивната реакција се однесува на учебникот по социологија за втора година гимназија кој деновиве е актуелен во јавноста. Граѓански активисти на социјалните мрежи дискутираа и критикуваа затоа што во текстот пишува дека „жената која е дома, не е може да направи кривично дело“.
Такво нешто не смее да се пропагира во учебник којшто се користи во образовниот процес. Наместо образованието да се бори со стереотипите, кај нас ги зајакнува и ги охрабрува. Ние како Хелсиншки комитет заедно со Коалиција „Маргини“ преку мрежата за дискриминација и преку родовата платформа испративме веднаш реакција и претставка до МОН и последните сознанија ми се дека учебникот ќе биде повлечен ама за тоа немам официјална информација,
рече Тања Стоименовска од Хелсиншки комитет за човекови права.
До почетокот на учебната 2020/2021 година соодветно ќе се измени содржината на учебникот заедно со други учебници, ветија од Образование. Социологијата за втора година не е единствената спорна за граѓанските активисти и борци против родова дискриминација. Од Хелсиншкиот комитет забележале и други други спорни содржини.
Дискриминаторски содржини едуцираат млади луѓе кои подоцна во животот и самите тие дискриминираат, предупредуваат активистите. А, патот до казна за дискриминаторите не е едноставен, објаснуваат правниците од Хелсиншки. Ако се почувствуваат дека се дискриминирани луѓето можат да пријават во Комисијата за заштита од дискриминација од каде што пак испраќаат предупредувачки писма до оној кој е пријавен. Даваат рок од еден месец за тој да го смени своето однесување. Потоа ја следат состојбата – дали дискриминаторот ги применува препораките. Ако тоа не е случај, следуваат прекршочни и санкции.
Петар Догов