Хелсиншки: Обвинителството нема храброст да гони за омраза

27 –април, пратеници во крв, претепан со смрт навивачот Саздовски, демолирана ЛГБТ канцаларијата во Скопје, избркан фудбалаер од кафеана се само дел од кривичните дела кои јавното обвинителство ги отпочна, заврши но не спомена ниту еден збор дека се сторени од омраза. Оценката доаша од Хелсиншкиот комитет  за човекови права во земјава во чиј што бележник се региситрирани 123 ициднети о дела од пмраза. Овие бројки укажуваат на двојно зголемување на бројот на криминални дела од омраза од лани, кога биле регистрирани 70 вакви дела.

Најчесто жртви или сторители се млади луѓе,  повеќето малолетни лица.Во најголем дел од нив, односно во 64 отсто основ била етничката припадност, а во 25,2 отсто политичката припадност. Скопје е најнебезбеден град во земјата, а од скопските општини Чаир, Гази Баба и Центар.

Најмногу од делата – 67 биле насилство, во 26 имало оштетување имот, а телесни повреди имало во 18 дела. Ова зборува дека државата не вложува доволно во едукација и обрзование, во развивање на толеранцијата, разбирањето и соживот со другите етнички заедници, стои во заклушкот на хелсиншкиот комитет. Државата најчесто реагира во случаи кога во прашање се јавни личности или политичари.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ