
„Хеленик петролеум“ ја тужи Македонија, заради неисполнети обврски
„Хеленик петролеум“ ја тужи Македонија за штета од 32 милиони долари, заради неисполнети обврски. Пред 20 години бил склучен договор со клаузула во која Македонија се обврзува да набавува 500 илјади тони годишно. Таа обврска истекува во мај 2019 година. Веќе еднаш Македонија има изгубено арбитражна постапка која се однесува на периодот 1999 до 2007 година поради неисполнети обврски од наша страна. Во моментов арбитражната постапка се однесува на периодот од 2008 до 2011 година.