Хелбах: Успехот на референдумот е важен за Германија

Референдумот да не се користи за внатреполитичко препукување и одмерување на силите, туку да се создаде консензус. Ова денеска и од на власта и од опозицијата го побара Кристиан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа во министерство за надворешни работи на Германија кој побара од сите страни да ја понесат својата одговорност за можноста која се пружа сега или никогаш за земјата да стане членка на ЕУ и НАТО. Притоа тој упати апел до сите партии да ја видат шансата која и се нуди на земјата и да ја искористат.

„Да не се криеме зад внатрешната политика. Да важно е кој е ставот на опозицијата, можеби опозицијата ќе направи разлика на подобро или на полошо, тоа е навистина сериозно. Не се работи само кој е на власт или не е. Многу е едноставно всушност. Во наш интерес е да успее референдумот. Се работи за интеграциите во ЕУ и во НАТО. Не може да кажеме не ми се допаѓа Договорот, а сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. За жал можеби, но таква е реланоста на земјата и на регионот.  Не се работи дека сакаме само да бидете дел од ЕУ, тоа е и наш интерес. Така што, кој и да прави нешто против нашиот интерес, не е наш пријател. Толку е едноставно“, Кристиан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа во МНР на Германија.

Хелбах притоа рече дека успехот на референдумот за Германија е многу важно од безбедносен аспект. Тој го поздрави Договорот за името нарекувајќи го позитивна вест на годината, при што порача за нас ќе останете Македонци, ќе зборувате на македонски јазик и сето тоа е загарантирано во договорот што беше постигнат.

На дебата говореше и министерот за надворешни работи Никола Димитров кој го повтори ставот дека е оптимсит дека референдумот ќе успее. За тактизирањето на опозицијата да се го каже својот став за референдумот рече дека се работи за бегање од одговорност.

„Се разбира дека граѓаните ќе одлучат самите, меѓутоа ние имаме задача да бидеме чесни и да излеземе да кажеме ’еве зошто мислиме дека е ова добра работа за Македонија’. Ова нема врска со владат или има врска со која било политичка партиија. Прашањето има врска со иднината на Македонија. И да немате доблест да застанете и да кажете јас мислам вака и вака за мене е крајно неодговорно“, изјави Никола Димитров, шеф на македонската дипломатија.

Претседател на Националниот совет за евроинтеграции од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски во дебата рече дека власта има погрешен метод во кампањата за референдумот бидејќи ја поврзува со себе – кој е со нас е за ЕУ и НАТО, кој не е е против, што, според него, е контрапродуктивно во создавање на национален консензус. Попоски запрашан да го каже јасно за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот, рече дека да одлучува тој би се прашало внатре во партијата по принципот: еден член – еден глас.

„Многу е погрешно доколку имате многу различен став во однос на тоа што мисли мнозинството, а што мисли елитата. Но тоа кога го правите треба многу отворено и директно да ги информирате за опциите. Значи, колку што треба да кажете колку има лоши сегменти во Договорот, треба да има кажете и кои се последиците од неуспевање или неспроведување на Договорот“, рече Попоски.

Сепак Попоски упати критики до власта дека ги држи во раце сите инструменти за да го спроведе тоа што го наумила и дека поради  е ирелевантно каква е позицијата на опозицијата за референдумот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ