Хаос околу запишувањето во Орце Николов

Метеж, загрижени родители и деца денеска со часови седеа во дворот на гимназијата Орце Николов.

Неизвесно е кој од полуматурантите кои се пријавија, со сите петки, ќе бидат примени во ова училиште.

Списоци се уште нема, а се најавува примен тест за во петок. Учениците велат дека такво тестирање не треба да одлучува дали ќе учат во училиштето што го oдбрале.

Родителите кои денеска потпишуваа петиција да нема приемно полагање , велат дека е дискриминација само овие ученици да полагаат, а во други училишта да нема приемен. Таму се отвораат нови паралелки за да се примат сите ученици.

Оваа одлука беше донесена откако за 285 слободни места, се пријавиле дури 400 ученици од кои со сите петки се 330, а останатите имаат по една или две четворки.  Ваква е ситуацијата и во медицинското училиште, каде што родителите се жалат дека денеска биле известени за приемното полагање.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ