Хан: Време е за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан денеска на „Твитер“ напиша дека е време да се финализира историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан.

-Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот проект за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни, напиша Хан на „Твитер“ по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа.

Според него, тоа е амбициозен проект заснован на заеднички напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во Европската Унија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ