Хан: Пристапните преговори ќе траат подолго од претходно

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер тагесцајтунг“ изјави дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго од претходно.

– Квалитетот пред брзината, посочи Хан, додавајќи оти членството на Унгарија и на Романија „многу нешта покажале“.

Тој посочи дека ЕУ извлече поука од досегашните пристапни процеси.

– Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво неповратност кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата, наведе Хан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ