Хан: Не сум наивен за бегството на Груевски

Еврокомесарот Јоханес Хан вели дека не е наивен кога станува збор за начинот на кој Никола Груевски успеал да избега од Македонија во Унгарија, каде доби азил. Хан е свесен дека со оглед на рутата на бегството, патот на Груевски бе бил директен, туку низ целиот регион, што за еврокомесарот е знак дека имало регионална соработка која воопшто не му се допаѓа. Тоа им го ставил до знаење на сите колеги во регионот, вели Хан во интервју за МИА. За тоа, дали мисли дека  Македонија е вмешана во бегството на Груевски, Хан смета дека треба да се почека извештајот од министерството за внатрешни работи за да се дознае што се случило.

Хан не разговарал со лично со Орбан во врска со азилот на Груевски, но вели дека бил инфромиран дека е билатерално прашање помеѓу кандидатот за азил и властите и нема обврска да се кажат јавно причините за давањето азил некому.

  • Но, се разбира, ова, во најмала рака, апсолутно не помага, смета Хан.

Хан смета дека на Груевски би било најдобро да му се суди во земјата каде е сторено делото и во согласност со правната држава.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ