Хан: Македонија ќе фати приклучок со Србија и Црна Гора

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во последното интервјку за германскиот весник Ханделсблат вели дека Македонија може да фати приклучок со Србија и Црна Гора, кои на патот кон евроинтеграциите веќе добија датум за преговори и ги отвораат поглавјата.

„Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во унијата не можам да дадам точен година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред“, рече Хан.

Тој вели дека иако не постои јасен датум, сепак, 2025-та е ориентационен таргет од страна на комисијата како можен датум за пристапување на земјите со најголем напредок од Западен Балкан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ