
Хан и Рикер во дипломатска мисија околу иднината на СЈО
Дипломатски притисок или редовни посети. Јоханес Хан и Филип Рикер во само два дена неделава ќе имаат среби со државниот и политички врв на земјава со кои сигурна тема за разговор ќе биде новиот законт за СЈО кој утре влегува во собраниска процедура, но и скандалот кој го терсе СЈО со инволвираноста на специјалната јавна обвинителка во случајот „Рекет“. На дневен ред на средбите на двајцата високи допломати на ЕУ и САД ќе се најде избегнувањето на можноста од нова политичка криза, во која како увертира може да се топлкува одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на лидерска средба освен ако таа не е за предвремени избори.
Еврокомесарот Хан кој во земјава доаѓа в четврток ќе го гаси пожарот околу СЈО чие опстојување и продолжување на неговата работа беше едно од условите за добивање на датум за земјава оваа година. На два и пол месеци до одлуката на Европскиот совет за датумот за земјава Хан речиси е извесно дека ќе бара од сите инволвирани да не го попречуваат процесот со кој ќе се решис стаусот на специјалното обвинителство. Случајот „Рекет“ само уште повеќе ќе го засили притисокот да се реши неговиот статус и да се спаси угледот на институцијата, но и покренатите случаи за висока корупција, исто така дел од условите на Унијата за добивање датум.
Посетата на помошник држабен секратар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер иако планирана во рамки на заедничката посета на Грција и на земјава од 21 до 27 јули на која според најавата од Стејт департментот ќе се разговара за билатерланите прашања и патот на земјава кон НАТО и ЕУ. Со оглед на случувањата во земјава, извесно е дека неодминлива тема ќе биде и СЈО, но улогата на сите политички чинители во процесите кои водат кон НАТО и Унијата.
Рикер во Скопје ќе разговара со претседателот Пендаровски, премиерот Заев, шефот на дипломатиијата Димитров, како и со парламентарци, опозицијата, претставнци на локалните власти.
Рикер денеска во Атина разговараше со шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, а поладнево ќе има средба и со поранешниот грчки премеир Алексис Ципрас.
Тамара Грнчароска