
Хан: Честитки, сега имаме јасна задача, јасна перспектива и јасна награда
Комесарот за проширување Јоханес Хан ја поздрави денешната одлука на Советот на ЕУ за отварање на пристапните преговори за Македонија со ЕУ. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ, ќе изјави Хан за Телма.
„Честитки до граѓаните на идната Северна Македонија за постигнувањето кое сите го остваривме денеска. Затоа што сега е јасно дека ќе почнеме преговори во јуни следната година, и ние како Комисија, можеме веднаш да почнеме да ги подготвуваме преговорите, од утре па натаму. Затоа мислам дека ова е сега јасна задача, јасна перспектива и е јасна награда, за постигнувањата од последните неколку недели“.