Хамилтон победи на легендарната Монца, Фетел само четвртти

Британецот Луис Хамилтон беше најбрз на легендарната Монца за Големата награда на Италија, 14 трка од формула еден шампионатот. Актуелниот првак во болидот на „Мерцедес“ стартуваше трет а по гужвата на почетокот со паметна тактика и одличен маневр во финишот се избори за шестата победа сезонава, освојувајќи го првото место пред двајцата Финци, Кими Раиконен на „Ферари„ и тимскиот колега Валтери Ботас.

Веднаш за тројката на победничкиот подиум заврши Германецот Себастијан Фетел на „Ферари“, а поради казната од пет секунди наместо третото, Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“ го освои петтото место.

Французинот Роман Грожан на „Хас беше шестти, а во најдобрите 10 влегоа двајцата возачи на „Форс Индија“ Французонот Естебан Окон и Мексиканецот Серхио Перез, потоа Шпанецот Карло Саинц на „Рено“ и Канаѓанецот Ленс Строл на „Вилијамс“.

Со 68 триумф во кариерата, Хамилтон ја зголеми предноста и сега води со 256 бодови, 30 повеќе од главниот конкурент за титулата Фетел. Раиконен е трет со 164 бодови.

Следната трка ќе се вози за две недели на 16 септември за Големата награда на Сингапур.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ