
Хајредини: Во Буџетот за догодина сменета е само реторика
Ако претходната влада безмилосно непродуктивно ги трошеше парите на граѓаните од Буџетот – очекувано беше сега тоа да се смени. Но, променета е само реториката, па сега се тврди дека инвестициите се во човечки потенцијал, но нема намалување на администрацијата, вака поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини го оценува буџетот за следната година.