
Гутереш телефонски разговараше со Заев и со Ципрас
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш денеска разговараше со премиерот Зоран Заев и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што соопшти Владата, Гутереш, му кажал на Заев, како оценил дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до заемно прифатливо решение за спорот со името.
Гутереш рече дека ги охрабрува двајцата премиери, и владите на двете држави, да продолжат да работат на решавање на спорот.
Премиерот заев изрази надеж дека ќе се најде заемно прифатливо решение, и дека тоа ќе биде добро и за двете држави, но и за целиот регион. „Да престанеме да се занимаваме со минатото, и да работиме заедно за подобра заедничка иднина“, додаде Заев.
За преговорите за името, Гуретеш, разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Во кусото соопштение од кабинетот на Ципрас, не се откриваат дополнителни детали. Разговараа за случувањата во поширокиот регион, за грчко-турските и евро-турските односи, како и за преговорите со ПЈРМ, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.