Ѓубреџиска свадба во Тетово

На ѓубреџиската свадба која се одржа на тетовскиот плоштад, брачниот пар стигна со музиката порано од гостите. Велат дека не им требало многу време да се подготват. Венчаницата невестата ја нашла на улица покрај некој контејнер. Младоженоцот пак рече дека материјалот за неговото одело го собрал по пат, и веднаш го скроил за неговата висина.

„Јас сум облечена од ѓубрето кое го собравме. Идејата на оваа Ѓубреџиска свадба е да апелираме луѓето повеќе да трошат енерегија во зачувување на животната средина отколку на пример за организарање на едба свадба каде се троши многу време пари и енергија“, рече невестата.

На Ѓубреџиската свадба беа поканети сите жители на Тетово. Како што пристигнуваа, на младоженците им подаруваа кеси со разновиден отпад.

„Ѓубрето кое беше подарено на младожениците беше собрано од невладините организации од повеќе локации од градот во рамки на акцијата – Ракавици, Кеси, селекција сите во една Еко акција. За неполн час велат, секој учесник собрал по една голема кеса со отпад. Ова е доказ дека смет низ градот има премногу и целта е да се влијае на еколошката свест, но и ажурноста на властите околу собирање и транспортот на отпадот“, кажа Бујар Љума – организатор на Ѓубреџиска свадба.

На Ѓубреџиската свадба беше присутен и директорот на комуналното претпријате Тетово, Џела Цека. Вели дека дошол да ја подржи акцијата. За ѓубрето низ градот тврди дека се виновни граѓаните, а не комуналното претпријатие, кое според него работи деноноќно.

Ѓубреџиската свадба помина во весела и малку смрдлива атмосфера. По завршувањето на церемонијата, тетовските комуналци ги сообраа подароците, кои овој пат завршија на вистинско место – во контејнер.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ