Групите А и Б го отвараат второто коло на Европското првенство

Вториот ден од европското ракометно првенство помина без поголеми изненадувања, шампионот Германија со 32:19 ја декласираше Црна Гора, Шпанците со 32:15 премногу лесно ја совладаа Чешка, додека Данска, малку потешко од очекуваното славеше над Унгарија со 32:25. Единствениот неочекуван  резултат беше победата на Македонија над Словенија со 25:24.

Групите А и Б денеска го отвараат второто коло. Србија во 18:15 часот против Шведска ќе се обиде да го надмине тешкиот пораз од Хрватска на отварањето на шампионатот, додека домаќинот во 20:30 часот ќе се соочи со Исланд, затворајќи го второто коло во Сплит. Во Пореч, групата Б во терминот од 18:15 часот, Франција против Австрија ќе се обиде да стигне до втората победа а подоцна во 20:30 часот Норвешка против Белорусија ќе ги бара своите први бодови на првенството.

 

Двојки 2. Коло – А група (Сплит):

Србија – Шведска 18.:15 (Пренос ТВ Телма)

Хрватска – Исланд 20:30 (Пренос ТВ Телма)

Табела:

  1. Хрватска         2 бода
  2. Исланд            2
  3. Шведска         0
  4. Србија             0

 

Б група (Пореч) – 2. коло:

Франција – Австрија 18:15

Норвешка – Белорусија 20:30

Табела:

  1.  Франција      2
  2.  Белорусија  2
  3.  Норвешка    0
  4.  Австрија       0
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ