
Грујевски и Бошковски и летово во Грција
Се подготвува ново барање за екстрадиција за поранешените тајни агенети на УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски. По, смената во ресорот правда, министерката Рената Десковска во емисијата на „Топ Тема“ на Телма вели дека овој пат нема да бие протоколарно и барањето ќе содржи контраргументи на одбраната на бегалците околу аболицијата и нејзиното повлекување од претседателот Ѓорѓе Иванов , и дека таа била спроведена спротивно на уставот.
За одново да почне процесот потребно е прво да стаса одлуката која и по два месеци ја нема на адресата на министерството за правда. Врховниот суд од Атина ја објави на интерент стрницата, а адвокатите ја добија на рака каде јасно стои дека овие две лица биле аболицирани со одлука на претседател, и не можат да се гонат кривично. Прашана, Десковска негира дека при догворот за името двете миниситерства за правда биле во комуникација, но не отфрла нејзиниот колега од Грција да ја искористи законската можност и покрај одлуката на врховниот суд да поптише екстрадиција на бегалците.
Горан Грујевски и Никола Бошковски во Грција се слободни граѓани кои летото ќе го поминат во Грција, бидејки водат постапка за барање за азил пред грчките служби. Во Македонија се осомничени за нелеглано прислушување и уништување опрема и документи на управата за безбедност и контраразунавање. Мината есен беа уапсени на солунскиот аердором со фалсификувани бугарски пасоши.
Павле Беловски