Груевски во шопинг на подароци, обвинителство во шопинг по уште сведоци за неговото бегство

Груевски повторно снимен во Унгарија. Овојпат во шопинг мол, повторно со кеса в раце, но сега само во сако, наместо како на досегашните три видео докази од Будимпешта на кои носеше три различни зимски јакни. Видеото го објави унгарскиот портал „444“, го снимил нивен читател кој им посочил дека Груевски бил сам во 9 навечер во трговски центар во центарот на Будимпешта, пред затворање на шопин молот Вест енд. Порталот „444“ покрај новата снимка за унгарскиот азилант, а македонски бегалец од правдата наведува дека Груевски е пораешен премиер кому во сомнителна процедура унгарскиот премиер Орбан му дозволи да остане во Будимпешта. Никола Груевски веќе два и пол месеци е во бегство, односно со статус на бегалец со одобрен азил.

Истрагата за неговото бегство ниту откри како ја напуштил Македонија ниту пак некој беше земен на одговорност поради него. Обвинителката Вилма Рускоска вели дека неделава ќе има нови сведоци, не открива дали политичари и функционери кои треба да помогнат да се откријат детали за бегството. Уште се чекаат и снимките од безбедносните камери од Албанија.

Груевски кој требаше да замине во Шутка на 9-ти ноември, успеа да ја напушти Македонија во тој период и со три унгарски дипломатски возила ги премина балканските граници и стигна до Будимпешта. Унгарската влада демантира дека му помогнала да ја напушти Македонија, додека за другото воопшто не се изјаснуваше. Груевски тврдеше дека има план за негова ликвидација во затвор во Македонија, и тоа ја убрза унгарската одлука за доделување азил. Според потврдени сознанија на истрагата, Груевски оттаму контактирал и со партиски функционери и со блиски државни службеници, но досега нема нови детали за неговото успешно бегство за кое никој од актуелната власт не понесе одговорност.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ