
Груевски во лисици – судот во Будимпешта одлучува по барањето за екстрадиција (видео)
Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, беше изведен денеска пред судот во Будимпешта, каде се одлучува по барањето за неговата екстрадиција во нашата држава.
Со сакото преку рацете, во очигледен обид да сокрие дека е во лисици, Груевски беше придружуван од две лица во цивилна облека , кои го водеа кон судницата. Според унгарските медиуми, иако не е официјално потврдено, веројатно станува збор за припадници на полицијата.
Груевски во судницата дојде со безбол капа и очила за сонце кои не ги тргнал цело време додека камерите го снимале. Тој не дал никакви коментари на прашањата на присутните новинари. Одбраната на Груевски, побара медиумите да не можат да ја следат седницата на судот.
Судот нареди затворен процес, но според информациите, одлуката на судот може да се очекува подоцна во текот на денот. Македонското министерството за правда, по втор пат бара екстрадиција за Груевски. Првиот пат беше за правосилната пресуда од 2 години затвор за случајот Тенк, а втрото барање кое во Будимпешта пристигна во понеделникот е за обивнението за организаторите за 27ми април мегу кои е и експремиерот Груевски.