
Груевски вели дека немал намера да предизвика инцидент за време на гласањето на законот за јазиците
Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека немал намера да предизвика инцидент, пред два дена во Собранието, кога се носеше законот за јазици.
Тој тогаш му истури вода и му ја одзеде картичката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, а собраниското обезбедување спречи поголем инцидент.
Груевски сега вели дека сакал да покаже дека не се согласува со начинот на кој беше донесен законот.