Груевски повторно доцнеше на судење

Само неколку минути откако обвинителката Фатиме Фетаи побара приведување на експремиерот Никола Груевски, тој влезе со 20 минутно доцнење на судењето познато како „Шамари во Центар“. Во текот на рочиштетото Груевски пак прокоментира дека Фетаи говори без да добие право на збор

„Многу сте расположени со оглед дека Ви се ближи времето“, му врати Фетаи.

Судењето продолжува без обвинетиот Митко Пешов кој не дојде поради скршеница на десетиот пршлен. Судијата го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи на Пешов да му се суди посебно

„Постојано има нешто. Минатиот пат не дојде поради една болест сега поради скршеница на пршлен. Следен пат ништо не е чудно да рече дека е труден. Барам да се издвои постапката“, рече Фетаи во судницата.

Адвокатите пак објаснуваа дека специјалистот му препорачал на Пешов, еден месец да мирува и да не се движи и дека нема причина за издвоујвање.

За протестите во јуни 2013 година во општина Центар сведочеше поранешниот претседател на советот Мирослав Шиповиќ. Атмосферата во салата ја опиша како воена зона со искршени стакла, фрлени камења, јајца, компири, домати. Тој рече дека се чувствувал гневен и беспомошен. Полицијата не реагирала. Раскажа дека Владиката Агатангел издал проглас дека се безбожници а демонстранти извикувале антихристи. Некои по грешка ги нарекувале и антифашисти.
И актуелниот градоначалник Богдановиќ, како поранешен директор на ПОЦ е еден од сведоците во овој процес.

На експремиерот му се суди во уште три други предмети на СЈО „Тракторија“ за кинеските автопати, „Титаник“ за изборните нерегуларности и „ТНТ“ за уривањето на Космос.

Пресудата со која апелација му ја потврди две годишната казна за „Тенк“ се уште се пишува образложението а потоа според процедурите треба да биде испратена во Кривичниот суд, од каде Груевски треба да добие покана кога и во кој затвор да се јави на издржување на казната.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ