Груевски половина година ќе зема за 5% помала плата

На координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери претседателите  на пратеничките групи одлучиле следните шест месеци на Груевски да му се крати по 5% од платата или по 3.000 денари пропишано според Деловникот за неоправдано отсуство подолго од три дена.

Дури после шест  месеци неоправдано отсуство ќе се создадат услови да му се одземе мандатот.

На координацијата засега е утревдено дека не постојат услови за веднаш да му го одземе мандатот на Груевски.

Собранието минатата недела не успеа да го обезбедни потребното 2/3 мнозинство за да му биде одземен мандатот на Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија и каде бара политички азил.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ