Груевски: Обвиненијата против мене се судско-политичка хајка каква немало ни во турско, бугарско и во српско

Во првиот собраниски опозициски ред, неговото столче остана празно, Груевски мораше да се појави на ново судско рочиште за случајот на СЈО, Тенк. По вчерашниот маратонски ден во судницата, Груевски денеска со ливче полно обвинувања за судиите кои според него имаат подготвени пресуди за сите поднесени обвиненија против него. За екс премиерот судењата против него се политичко-судски хајки за да не се гледааат актуелните случувања.

Вчерашното рочиште траеше 11 часа, освен од Груевски стигна критика и од Коалицијата за правично судење од каде велат дека судот требало да избегне маратонско рочиште за да може и одбраната и обвинителството да бидат подготвени и одморни за судска расправа која продолжи денеска, само 13 часа по крајот на вчерашното рочиште, без доволно време за подготовка за разгледување докази и сведоци.

Предупредуваме на фактот дека е неопходно да се зголеми внимателноста при постапувањето на судот во секој сегмент од постапката, особено ако интенција е задржување на кредибилност на целокупниот судски процес и поставување на стандарди за објективност и еднаквост за сите, стои во соопштението на Коалицијата за правично судење.

Вчера доцна навечер, во судот се преслушуваа таканаречените бомби. Осум разговори како докази на СЈО дека набавката на скапиот мерцедес е направена по нарачка на Груевски.

Груевски пак смета дека тој е прв премиер во светот кој е обвинет зошто се возел со блиндирано возило. Бомбите на СДСМ ги смета за нелегално стекнати.

Обвинетите Груевски, Јанкуловска и Ѓоко Поповски бараа сите докази да бидат прочитани целосно, но судот го отфрли нивното барање, а беа сослушани тројца сведоци од 6-тата управа.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ