
Груевски не се појави на прославата на ВМРО-ДПМНЕ, не се појави ниту еден гостин од дипломатскиот кор
Поранешниот лидер на партијата и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не присуствуваше на денешната прослава на Македонската револуција во Македонскиот Народен Театар.
На прославата се појавија пратеникот Антонио Милошоски, Ганка Самоилова-Цветановска во придружба на Сашо Кедев, како и лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Сите се соогласуваат со исклучувањето на своите сопартијци од партијата.
Тоа што можеше да се забележи беше комплетното отсуство на гости од дипломатскиот кор во Македонија, како и речиси никој од основачите на партијата.