Груевски не ги коментира исклучувањата во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не ги коментира разрешувањата и исклучувањата на повеќе патирски функционери, ниту открива дали се согласува со официјалниот став на партијата, дека прозваните меѓу кои и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, вршеле притисок врз пратениците да гласаат за отворање на уставните измени. Груевски вели посакаува силно, обединето и победничко ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски вели дека имал покана, но не се појавил на вчерашната прослава за денот на ВМРО, поради претходно планирани обврски кои не можел да ги одложи. За помирувањето ги упати новинарите да го прашаат премиерот Заев.

Експремиерот потврди дека ја примил правосилната пресуда за „Тенк“ со која треба да оди две години во затвор, но се уште не ги добил упатниот акт во кој ќе стои датумот и затворот каде треба да се пријави. Вели дека не е изненаден од исходот и дека ги убедувал неговите адвокати, кои не верувале, дека судиите ќе донесат таква одлука каква што донеле. Откако ќе го добие упатниот акт, може да бара да се одложи издржувањето на пресудата

Груевски денеска беше на судењето на „Титаник“ за изборни нерегуларност каде се слушаат бомби. Најчест соговорник е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанекиски, кој во еден од разговорите бара комплетен список за сите административци што живеат во Центар и посочува дека во Центар врие. Во разговорите има повеќе поранешни функционери од централната и локалната власт. Се бараат списоци не само од администрацијата туку и од приватни компании, но и од затвори, се говори и за влијание врз таксисти, професори, доктори, соседи. Можеа да се слушнат договарања за автобуси да превезуваат гласачи од Италија за Кочани. Во еден од разговорите Мијалков уверува дека договорил со ДУИ и ДПА да добијат по 400 гласа од двете партии за Владимир Тодоровиќ.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ