Груевски: Не е фер, секој ден сум на судење, а пресудата е веќе донесена

„Ова е малтретирање. Не е фер, следната недела секој ден имам закажно рочишта за три различни предмети“,  бурно реагираше во судницата експремиерот Никола Груевски, откако судењето за уривањето на космос се одложи за наредниот четврток.

Во судницата се побунија и ексминистерот Јанкиевкси, но и адвокатите кои испратиле и писмо до претседатлеот на Кривичен со барање да не им се закажуваат судењата толку често затоа што не можат да подготват одбрана.

Судијата Огнен Ставрев објасни дека судницата е постојано зафатена и дека се ограничени со термини за закажување на што груевски искоментира дека тој не е крив што нема судски сали.

За новиот судски објект чии темели беа поставени во мај 2010 во присуство на Груевски како тогашен премиер денеска не сакаше да говори зошто толку години судот остана недовршен и не беше вселен

Судијата го повлече задолжението што им го даде на сјо минатото рочиште да им ги достават це дињата со прислушуваните разговори на одбраната

Судот смета дека на обвинетите и адвокатите во секој момент им е дозволено да ги слушаат аудио снимките во посебна просторија во Кривичниот суд и со тоа се задовлува правото на еднаквост на оружјата, кажа судијата Ставрев.

Реагираа адвокатите дека им се ускратува правото на подготвување одбрана, споменувајки го и судот во Стразбур. Груевски и лично го праша судијата зошто ја повлекол сопствената одлука а тој му одговори дека причината е што мегу разговоритеи мало и приватни разговорикои треба да бидат заштитени да не протечат во јавноста.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ