
Груевски на 8-ми ноември треба да се јави во затворот во Шутка
Експремиерот Никола Груевски на 8 ноември треба да се пријави во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот Тенк. Упатниот акт му бил врачен денеска пред почетокот на судењето за Траекторија (за кинеските автопати) откако претходно имало неуспешен обид да му се врачи во неговиот дом, информираат од Кривичен. Овој датум е определен на последниот ден од законскиот рок – кој предвидува денот на јавувањето да се одреди така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт.
Груевски одлуката ја нарече политичка и најави дека ке ги искористи сите правни лекови и за одлагање на извршување на казната и за вонредно преисипитување пред Врховниот суд.