
Груевски мора лично да си даде оставка
СДСМ го повика Никола Груевски да го почитува Уставот и лично да дојде од собраникса говорница да ја образложи оставката. Тоа е единствениот начин каде Законодавниот дом може да ја констатира оставката, вели Костадинов.
ВМРО ДПМНЕ тврди дека има и друг начин за поднесување оставка.
Наредната недела ќе биде закажана пленарната седница на која пратениците ќе расправаат по Извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која даде зелено светло за одземање на мандатот на Груевски. Тој пред два дена преку фејзбук ја најави оставката со образложение дека не сака поради него партијата и пратениците да бидат изложени на притисоци, лажна пропаганда, на непријатности и медиумски линч од страна на Владата.Во Будимпешта е повеќе од 6 месеци кога требаше да биде притворен за предмет од СЈО.
Јулијана Лефковска