Груевски беше ландокрвен кога судот ја соопштуваше одлуката, велат унгарските новинари

Груевски без каква и да е реакција ја слушнал денеска одлуката на унгарскиот суд со која куртули од екстрадиција во Македонија. Вака за Телма сведочат унгарските новинари кои утрово беа присутни во судот кога Груевски беше доведен, но и на читањето на судската одлука.

Полицијата го донесе рано изутрина. Тој дојде со палтото префрлено преку рацете. Некои рекоа дека има лисици, но јас не ги видов. Не сум сигурен дека имаше лисци, но ако имаше успешно тоа го криеше со палтото. Тој ги игнорираше медиумите и прашањата на новинарите и влезе во судницата со безбол капче и со славните наочари за сонце, вели Жолт Кернер, новинар во весник „24“.

Неговиот колега пак вели дека Груевски имал некаков вид на лисици на рацете, што било стандардна процедура на унгарската полиција кога приведува некого на барање на судот.

Тој ги покриваше со своето палто кое висеше на неговите раце и ги криеше од камерите, вели Балаш Редли, политички дописик РТЛ Унгарија.

Кога судот почнал со работата, новинарите биле отсранети од судницата на барање на Груевски, но и на обвинителството.

Судијата побара новинарите да ја напуштат судницата, бидејќи Груевски не дозволи медиумите да ја сладеат седницата, исто и неговиот адвокат и обвинителството, бидејќи имаше некаков чуствителен материјал за кој разговараа и не сакаа новинарите да го слушнат тоа, додаваКернер.

Новинарите биле пуштени внатре кога судот му ја соопштувал одлуката на Груевски.

Кога судијата ја прочита пресудата, тој остана ладнокрвен. Тиј не рагираше, дури не се ни насмеа, не рече ништо. Само го слушаше преводот, вели Редли.

Груевски ги игнорирал новинарите и при своето излегување од судот.

Тој замина од зградата придружуван од двајца полицајци и од медиумите. Новинарите го опкружија и постојано му поставуваа прашања, но тој само одеше низ зградата без да каже ништо. Тао траеше околу 5 минути, излегувањето од зградата и ние го следевме по ходниците, скалите, вратите, тоа беше доста долго одење, но тој не рече нитшо. Кога излеговме од зградата таму го чекаше црн автомобил со шофер. Тој седна на задното седиште и замина без да каже збор, вели Редли.

Според она што го сведочат унгарските новинари, очигледно е дека Груевски престојува на тајна локација и оти постојано менува автомобили. На тоа сведочат и претходните снимки на Груевски, каде се гледа дека тој користи различни автомобили.

Унгарските новинари за Телма информираат дека статусот на азилант кој го има Греувски во Унгарија може да биде ревидиран од унгарските власти. Унгариј наскоро ќе добие нов министер за правда, но унгарските новинари не се многу убедени дека статусот на Груевски или одлуката за екстрадиција би се променила.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ