Груби задоволен по донесувањето на законот

Претседателот на комисијата за европски прашања на Собранието,  матичното работно тело што го разгледуваше законот за употреба на јазиците, Артан Груби, испрати соопштение во кое објаснува дека во целокупната постапка при донесување на законот, на комисиската расправа, како и во прво, второ и во трето читање на законот, истиот беше гласан и потврдуван без ниту еден глас „против“.

Груби исто така потенцира дека она што до вчера било слабост, меѓуетничките односи, денес е најголем адут за Република Македонија.

„Сега е време да се посветиме целосно на преостанатите  реформски закони, како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ