Груби: Поблиску сме од кога било до решение за спорот за името

Вечерва гостин во Ноќно студио беше пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Според Груби, парламентарното мнозинство покажало дека има храброст да ги решава проблемите и спроведува реформите. „Тоа ќе биде случајот и во процесот на решавање на спорот за името“, додаде Груби.

Тој смета дека сме поблиску од кога било до решение.

Запрашан околу евентуалното менување на Уставот, Груби кажа дека за да дојдеме до тоа прашање, треба претходно да се решат многу други прашања. „Прашањето на Уставот е најтешкото прашање, кажа Груби.

Тој додаде дека од аспект на еден Албанец, се залагаат за достоинствено решение, затоа што само така може да биде прифатливо за етничките Македонци. Според него нема ништо спорно околу идентитетот и македонскиот јазик кој е признаен од ООН.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ