
Груби: Дивеење беше упадот на 27 април, ова е прослава на навивачи
Сметам дека реакциите се абсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда, смета Артан Груби по реакциите на јавноста за дивеењето на „Шверцерите“ во МНТ за време на прославата на 30 годишниот јубилеј..
Дивеење е упадот, тепањето и скандирањето во Собрание на 27 април, а не прослава на навивачи, каде што се очекува скандирање, пеење, но не и вандализам и насилство кое што би го осудил во секој момент,
смета Груби.
Театарот му припаѓа на народот, не е ВМРО-вски, СДСМ-овски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припага на граганите, вели Груби.