Грците не веруваат во искрените намери на Македонија

Грчката опозиција останува на позицијата дека нема да гласа за Договорот од Преспа и ќе се бори за да не се ратификува. Овој денеска го повтори лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, наведувајќи дека во никој случај не можат да прифатат договор кој на соседната земја и отстапува македонски јазик и македонска националност. Министерот за надворешни работи во сенка на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, вечра пак изјави дека ако Договорот од Преспа не дојде во грчкиот Парламент од сегашната влада, тогаш тоа отвора пат за нови преговори за името.

За поларизираноста во Грција околу Договорот од Преспа од тинк-тенк организацијата „Елијамеп“ сметаат дека основна причина е недовребата од страна на опозицијата во искрените намери на Македонија.

Голем дел од опозицијата има недоверба во вистинските намри на оваа земја, дека постојат редентистички, насционалистички тенеденции во вашата земја кои ќе излезат на површина по усвојување на Договорот. Ако тоа не се случи, грчката јавност ќе мора да се убеди дека може да се изгради врска на доверба и дека нема проблем со иредентизам и национализам во блиска иднина од ваша страна“, изјави Јоанис Армаколас, Оддел за ЈИЕ во „ЕЛИЈАМЕП“.

Арамаколас притоа вели дека мнозинството од јавнотот мислење во Грција е против Договорот за името, но оти верува дека и со мало мнозинство тој ќе биде усвоен од страна на грчкиот парламент.

Мнозинството од јавното мислење на грчкото општество е против Договорот. Две третини се против, 65% и тоа не може да се смени наскоро. Не верувам дека има големо мнозинство во Парламентот  за негова поддршка. Доколку Договорот биде ратификуван тоа ќе се случи со мало мнозинство со еден или двајца пратеници.“, изјави Армаколас.

Договорот од Преспа ќе биде предизвик и за грчката влада и за Владата и за опозицијата, смета Армаколас, кои можат да бидат повикани на имплементација на Договорот по следните избори и ќе мора на грчката јавност да и обаснат зошто тој мора да се исполни и зошто е важно да се има добри односи со соседите.

Според Панајот Паскалидис, истражувач од ЕЛИЈАМЕП, Грција влегува во период на избори за Европскиот парламент што дополнително ја поларизира политичката клима, поради што не може да се даде точна проценка за тоа дали Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент

Но како што реков, поради поларизацијата во предизборниот период ќе мора да почекаме и да ги видиме, можеби, новите елементи за нашите анализи. Сега е тешко да се даде конечен одговор на тоа“, изјави Панајот Паскалидис, истражувач во програма за ЈИЕ.

Сепак Паскалидис вели дека оти досега најавите околу усвојување на договорот од Преспа во грчкиот парламент биле позитивни.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ