
Грција ја разбира разочараноста во Македонија заради недобивањето датум за преговори
Значаен напредок во имплементацијата на Преспанскиот договор и драматично подобрување на односите меѓу двете земји, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој денеска е во официјална посета на Македонија.
Истакна дека влезот на Македонија во ЕУ е значаен за целиот Балкан и неговата стабилност. Ја разбирам разочараноста за недобивањето датум за почеток на преговорите , но сега не е време за гледање назад, истакна Дендиас. Министерот Димитров пак рече дека клучот за добрите односи со грција е преспанскиот договор.