Грција е на ред да ја исполни обврската од Договорот од Преспа

Ако Македонија не се повлече, нема ни Грција да се повлече. Оваа порака синоќа до грчките граѓани ја упати премерот на Грција Алексис Ципрас, реферирајќи ратификацијата на Договорот од Преспа. Обраќајќи се на конференција посветена на Договорот од Преспа, Ципрас му честиташе на својот македонски колега Зоран Заев.

„Она што го направивме и на што сме горди што ја ослободивме нашата надворешна политика од 30 годишна логиката на национализмот и квазипатриотизмот. Но не бевме само ние. Сосема истото се случи и од другата страна на границата. Зоран Заев со својата влада успеа да ги запечати сите напори со храбрата уставна ревизија, што обезбеди долгорочност на Договорот од Преспа. Дозволете ми да му честитам на премиерот на Северна Македонија на храброста, смелоста која ја покажа од почетокот до крајот на процесто…Ако тие не се повлекоа, нема ни ние.“, изјави Ципрас.

Ципрас притоа набори што се прифатила Македонија со Договорот, меѓу другото откажување од уставното име под кое ја признале 130 држави, меѓу кои САД, Русија, Кина, прифаќање на тоа дека нејзниот јазик е групата словенски јазици, дека културата не и е поврзана со културата на античка Грчка Македонија, да не реферира на нејзино малцинство во Грција, државјанството не и го прејудицира етничката припадност.

„Накусо, другата страна направи се што некогаш било официјално поставено како предуслов од нашата страна и повеќе. И по сето ова, се прашувам јавно, какви точно политички сили се против решението и Договорот, со каков изговор“.

Ципрас велејќи дека е горд на постигнатио, нагласи дека напорно е работено за да се постигне решение кое ја почитува сензитивноста на двата народа.

Обраќањето на Ципрас за Договорот од Преспа уследи неколку часа откао лидерот на помалиот коалициски партнер во неговата Влада, Панос Каменос, се повлече од позицијата министер и ги повика сопартијците да го сторат истото, со цел соборување на владата на Ципрас поради Договорот. Но повикот на Каменос не го послушаа досега четворица пратеници на Независни Грци, кои рекоа дека ќе ја поддршат владата на  Ципрас.

Парламентарната седница за доверба на Владата ќе започне утре, а треба да заврши до задутре на полноќ

Дека Ципрас има обезбедно мнозинство за доверба, но и за Договорот за името, покажува и поддршка од пратеникот на партија Река, Спирос Данелис, кој мнајави поддршка и според кого Македонија ја завршила своата работа, сега Грција е на ред.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ