Грипот зема замав

Грипот почна да ги полни амбулантите. За една недела пријавени се 428 пациенти, или безмалку двојно повеќе во споредба со неделата претходно. Вирусот зема замав, особено во гостиварско. Оттаму се 125-мина од заболените. Најголем дел од пацинетите се на возраст од 15 до 64 години.

Но, кај ниту еден од вкупниот број заразени не е изолиран опасниот мутиран вирус што циркулира во Европа. Во овој момент лекарите не гледаат ризик од појава и ширење на овој поттип на грип во земјата.

Од него во Велика Британија досега починаа повеќе од 90 лица, а болнички се лекуваат преку 2000. Заразени има и во Франција. Вирусот се појави есента во Австралија. Таму починаа 70тина, а бројот на заболени трјно беше зголемен во однос на изминатите години. Симптомите се исти како и кај сезонскиот грип, но се многу поагресивни.

Кај заразените се јавува главоболка, малаксаност, мускулна болка, и тептература до 40 степени Целзиусови. Од друга страна, во Македонија се искористени сите набавени вацини за имунизација против сезонски грип, но тие не ги штитат пацинети од новиот, мутиран вирус, кој според лекарите е поопасен и од таканаречениот свински грип.

Епидемиолозите сепак апелираат граѓаните да бидат внимателни, бидејќи сезоната на грип во земјата доправа доаѓа. Зголемување на бројот на болни се очекува со завршуавњето на зимскиот распуст и враќање на учениците во училишните клупи.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ