Грчкото МНР да бара информации од Заев кои бизнисмени плаќале за инциденти

Грчката опозициона коалиција Движење за промени, предводено од ПАСОК бара грчкото МНР да дознае од премиерот Заев кои се грчки и руски бизнисмени што плаќале за инциденти против преспанскиот договор. Портпаролот на коалицијата истакнала дека МНР од Атина треба да го направи очигледното: Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Премиерот кој ја посети источна Македонија одговара нема потреба од давањето на тие искази кои денеска ги нарече непотврдени.

Меѓународната новинарска истражувачка мрежа ОЦЦРП се повика на документи од македонското МВР според кои контроверзниот грчки бизнисмен, поранешен руски политичар Иван Савидис исплатил 300 илјади евра на навивачи и политичари кои во Скопје требало да организираат насилни инциденти против преспанскиот договор и македонското членство во НАТО. Савидис ги демантираше тие наводи и најави тужби за клевети. Тој е познат и по блиските врски со грчката влада, пред се со лидерот на независни Грци Панос Каменос, кој е дел од владата на Ципрас. Насилните инциденти во Скопје се случија пред еден месец, на 17-ти јуни и оттогаш се тие изјави на дел од приведените- но досега МВР не излезе со конкретни детали правдајќи се дека нема да води истрага преку медиуми. Грција во меѓувреме протера и двајца дипломати поради инспирирање на протести против договорот во Грција.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ