Грчките медиуми очекуваат позитивен одговор од Заев

Во исчекување на телефонскиот разговор и позитивниот одговор од Заев, е најчестиот коментар, но и наслов во грчките медиуми во однос на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција.

Новинарите во Грција, прогнозираат, повикувајќи се на свои информации, дека телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери би можел да се случи до крајот на неделата. Некои од медиумите коментираат дека се во прашање часови, други дека се во прашање денови за да се затвори долгогодишниот проблем меѓу Македонија и Грција. Употребата на името, односно ерга омнес е главното прашањето на кое што, според грчките медиуми, Атина очекува позитивен одговор од премиерот Заев.

Во однос на името, и покрај тоа што ниту македонската ниту грчката страна, јавно и официјално не ги отвораат картите дали постои договор, медиумите во Грција, веќе неколку денови тврдат дека е договорено „Република Северна Македонија“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ