
Грчките медиуми објавија делови од договорот меѓу Македонија и Грција
Голем дипломатски успех е прифаќањето на ерга омнес, оценуваат грчките медиуми, кои објавија 16 точки од договорот. Ова значи дека нашите соседи не само што ќе го користат договореното име во нивните меѓународни односи, меѓународни организации, меѓународни форуми и меѓународни документи, туку и во рамките на земјата. Владата, не само што успеа да го натера Скопје да прифати ерга омнес, туку и го обврза соседот на директна уставна ревизија, велат тие.
Понатаму се вели дека договорот предвидува Грција да го ратификува само откако ќе заврши уставната ревизија во соседната земја. Поканата за НАТО и отворањето на фондовите на ЕУ ќе се спроведува по ратификацијата од страна на македонскиот парламент, но нејзиното пристапување кон двете организации ќе биде направено по уставната ревизија, бидејќи поканата експлицитно вели дека е неважечка ако не е исполнет договорот.
Според објавените точки во грчките медиуми, од Уставот ќе бидат избришани сите ирационални референци, во кои спаѓаат членовите за заштита на “македонските малцинства” во соседните земји, на заштитата на границите и сите имплицитни историски референци на иредентистички ставови во Преамбулата на Уставот.
Договорот предвидува дека државјанството во Северна Македонија ќе биде Македонско / државјанин на Република Северна Македонија. Овој унифициран термин го заменува простото “македонско” во моментов на патните исправи, така што тоа е јасно подобрување. Грција ќе го признае државјанството како “граѓани на Северна Македонија”.Се забележува дека поимот “националност” е различен од етничката припадност и како резултат на тоа, договорот не ја признава нацијата, туку правото на самоидентификација на граѓаните на соседот.
Со овој договор, ја земаме назад нашата историја, симболи и традиција, бидејќи се прифаќа разликата меѓу грчките Македонци, нивната древна грчка култура, нивниот јазик и регионот во кој живеат и народот на таа земја со своја историја, јазични и културни карактеристики од друга страна.
На крај договорот предвидува да биде формирана Работна група на експерти, која ќе мора да се занимава со прашањата за трговските марки од 2019 година во рок од 3 години.