Грчките медиуми лицитираат со можни имиња за државата

Прашањето за името е веќе неколку дена е прва тема во сите грчки медиуми. Според грчкиот весник Real News на средбата на Метју Нимиц со  преговарачите на двете земји – Наумовски и Василакис на маса ќе има три имиња- Северна Македонија, Горна Мaкедонијa и Нова Македонија. Овие имиња пишува во текстот специјалниот претставник на ОН ќе им ги претстави на двете страни.

„Според информациите, на маса се наоѓаат имињата „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ и „Нова Македонија„ (на македонски без превод) иако не е исклучено Метју Нимиц во последен момент да смисли едно ново сложено име. Овие имиња , се чини дека ги одбра специјалниот медијатор на ОН, помеѓу другите имиња што биле ставени на маса, како што се „Вардарска Македонија„ , „Славомакедонија „ , предлог што се чини не го прифаќаат Албанците од Скопје

Според премиерот Заев, се уште не е дојден моментот да се разговара по предлози , но очекувано е  да се има чести сесии за наоѓање решение за проблемот со името. Во интервју за порталот МКД МК вели дека е убеден дека тоа треба да го направиме до крајот на првата половина на 2018та година. Во однос на името вели- Немам намера ништо да продавам ниту да купувам ,а во процесот на рапавање на прашањето треба да го сочуваме достоинството и на народот и на нацијата и на државата. Премиерот верува дека спорот ќе се реши до крајот на јуни

„Веројатно тоа ми ги прави позициите пооптимистички и сакам да верувам дека ќе се реши. Не дај боже, ако не се реши, тогаш, наместо ние во Европа ќе мора Европа да ја донесеме овде. Но, јас сум непоправлив оптимист.

Според Професорот Миша Догмановиќ , евидентно е дека владите во двете држави создаваат атмосфера на подготовка на јавноста за решение за прашањето со името. . Сепак, вели треба да бидеме внимателни.

Претседателот на евроатланскиот совет Исмет Рамадани верува во постигнување компромисно решение кое нема да задира во јазикот и идентитетот, МЕжународната заедница вели инсистира на затворање на ова поглавје, и врши притисок врз двете страни

Во целиот процес според Рамадани, треба  да се вклучи и опозицијата  и да го даде својот придонес.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски пред два дена изјави дека во моментов опозицијата е надвор од процесот за решавање на прашањето за името , и дека тој лично и партијата се против промена на Уставот што ќе значи промена на уставното име.

Сaња Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ