Грчките државјани лек за локалната битолска економија
Коронакризата потврди дека кревката битолска локална економија, во голем процент зависи од посетеноста на грчките државјани. Битола како пограничен град, секојденвно имаше голем број посетители од Грција, кои поради близината, користат неколкукратно пониски цени за многу услуги и производи. Купуваа во локалните бутици, беа гости во рестораните и кафулињата, се разубавуваа во фризерските и козметичките салони. Но, поради затворените граници, сликата е целосно променета.
– Таа услуга што тука ќе ја добиеја, таму ќе ја платеа поскапо, таму се цените повисоки. Но оставаа пари, ќе дојде на фризер, ќе одеа на збар, во пицерија, во ресторан, на кафе, слаткарница. Имаше живот градот, вели Димче Ивановски, фризерско студио Кармен-Битола
Грчките посетители користеа и комплетни услуги во стоматолошките ординации за многу пониски цени отколку во нивната земја. Сега битолските заболекари велат дека тешко ќе опстанат без своите грчки пациенти
– Некои колеги се ориентирани исклучиво со работа со Грците, така е во Битола, во Гевглеија. Тие ќе бидат комплетно без работа додека не се отври границата, вели Гоце Бејковски, стоматолог
И продавачите на градскиот пазар во Битола, велат дека ионка со кризата прометот е значително намален, но се чувствува отсуството на грчките постетители.
-Купуваа зеленчук, доаѓаа во сабота и недела. Сега со оваа кризата, ги нема, рече продавач на градскиот пазар.
Малите бизниси во Битола се пред целосен колапс, велат сопсвениците.
-Локалните бизниси во Битола, посебно услужните дејност, во кои најголем процент учествуваат грчките државјани, уште долго време ќе ги чувствуваат последиците од оваа криза.
Она што дополнително ја закрепнуваше локаланата економија е традиционалното враќање на иселениците за време на летото.
Емилија Мисирлиевска