
Грчкиот Врховен суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Горан Грујевски и Никола Бошковски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за масовното нелегално прислушување, одлучи Врховниот суд во Атина.
Грчкиот суд смета дека тие нема да добијат фер судење во Македонија и затоа го одби барањето на македонските власти за екстрадиција.
Претходно, судот во Солун одлучи спротивно од Врховниот суд во Атина а постапка која траеше со месеци поради немањето официјален превод на македонски.
Сепак според грчките закони, последниот збор за екстрадиција на Грујевски и Бошковски ја има грчкиот министер за правда кој со негова лична одлука може да реши дали двајцата ќе бидат екстрадирани од Грција.
Инаку против нив се водат уште две постапки пред грчките органи. Едната е за лажните бугарски пасоши со кои тие беа фатени на солунскиот аеродром, а ругата постапка е за барањето политички азил кои тие го поднесоа поради страв дека во Македонија нема да имаат фер судење.