Грчки здруженија бараат Уставен во Грција да го поништи Договорот од Преспа

Прво 180 гласа ЗА во парламентот, а потоа требало да се потпишува договорот со Мaкедонија. Според грчки граѓански здруженија владата на премиерот Алексис Ципрас ги утнала чекорите и сега според нив договорот од Нивици треба да го поништи Уставниот суд во Атина.

„Договорот го прекршува член 27 од Уставот според кој пред да се потпише договорот потребно е претходно гласање во парламентот и тоа со зголемено мнозинство, бидејќи вклучува промена на географски термини (регионот на Македонија во конкретниот случај)“.

Од организациите, сметаат дека Договорот го крши Уставот и „води до распаѓање на Грција по брза постапка“ и бараат да се повлечат и писмата до НАТО и ЕУ за тргање на грчкото вето за Македонија. Македонската опзиција го нарекува „капитулантски“, а грчката федерација на културните здруженија на Македонците и Пан-Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората му дале име „Ноќен Кошмар“. Додека во Македонија веќе се договара референдум, според нив Грчката страна требала да го стори многу одамна.

Аргументите ги ставиле на крај во барањето. Според нив, договорот би можело да доведе до промена на грчката северна граница и да и донесе огромна штета на грчката нација. Истите здруженија уште на почектот на годината преку медиумите повикаа и покренаа кампања „Македонија значи Грција“. Следеа протести со едно едиснтвено барање, зборот Македонија да не се содржи за имиња на северниот сосед.

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ