
Грчки медиуми: Договор за Северна Македонија, потпишувањето викендов во Преспа
Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиери, а договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно в сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат медиумите во Грција.
Сепак, сe ќе биде појасно по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери, за кој грчките медиуми коментираат дека е клучен и веројатно ќе доведе до решение.
Грчките медиуми денеска ги пренесуваат и пораките што вчера ги испратија, и Заев во интервјуто на Телма и шефот на грчката дипломатија Коѕијас во интерју за грчка телевизија, кој рече дека е направен решителниот чекор, и Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.
Според информациите во Грција, доколку денеска постои договор, се очекува грчкиот премиер да ги информира, прво, претседателот на земјата, а потоа и лидерите на политичките партии за евентуалното решение. Грчката опозиција пак денеска побара пред потпишувањето на договорот да има расправа во парламентот.