
Грчката влада и опозиција се скараа околу македонското државјанство
Со расправа меѓу власта и опозицијата дали преку македонското државјанство се признава или не македонската нација со Договорот од Преспа, продолжи денеска расправата во собраниската Комисија за надворешни работи на Грција за Договорот. Заменик-министерот за надворшени работи, Јоргос Катругалос објаснувајќи го Договорот рече дека државите ги признаваат државите, не народите, поради што Договорот не реферира на етничката припадност, туку на државјанството.
Прашањето за државјанство е правно прашање на врската на граѓаните со државата, додека прашањата за национален идентитет и припадност во етничка група се прашања на свеста и самоопределување. Во меѓународното право нема општоприфатени карактеристики или дефиниции на нацијата или народот. Правото на самоопределување е апсолутното задолжително право и не може да биде предмет на регулирање со договор. Според тоа, Грција не признава и не би можела да признае македонска нација или народ со овој договор, рече Јоргос Катругалос, заменик-министерот за надворшени работи на Грција.
На ова реплицираше министерот во сенка на Нова деморатија Јоргос Кумуцакос кој ја обвини владата дека со Договорот ја признала македонската нација.
Ако е само државјанство, зошто е потребен терминот „Macedonian“? Бидејќи државјанството е врската со државата. Кога државата според договорот се вика Северна Македонија, зошто државјанство не остана исклучиво државјанство на Северна Македонија, туку се додаде и терминот „македонски“? Очигледно бидејќи другата страна во преговорите сакаше овој термин да ја покрива националноста, а грчката страна го прифати тоа, рече Јоргос Кумуцакос, од Нова демократија.
Кумуцакос како аргуметн за тоа го наведе членот од Договорот, кој ја регулира употребата на термините македонско, македонски, а со кои се однесуваат на јазикот, населението и нивните карактеристики се различни од оние на грчката страна.
Ако овие елементи не формираат идентитет, тогаш што формира? праша Јоргос Кумуцакос, од Нова демократија.
Опозицијата на стартот од денешната расправа побара увид во конечниот текст на Уставот на Македонија, но и да го дибие текстот на оставката на поранешниот министер за надворешени работи Никос Коѕијас. Барањето беше аргументирано со тоа дека Комисијата не може да се потпре само на амандманите без да има увид во целиот Устав, со се Преамбулата и сите членови.
Катругалос на ова одговори дека уставните измени направени во Македонија не се вметнуваат во Уставот, туку се додаваат на крајот од уставниот текст и оти амандманите се дел од Вербалната нота од Македонија, доставена и до Парламентот.
Паралелно со собраниската процедура за усвојување на Договор од Преспа, грчката влада вчера на социјалните мрежи објави видео во кое го обајснува Договорот за името и што значи тоа за Грција, со порака дека „дојде време да ја дознаеме вистината“.
Тамара Грнчароска