
Граѓанскиот сектор може да помогне во преговорите со ЕУ, но администрацијата мора да ги води
Граѓанскиот сектор може да помогне во процесот на преговорите на земјава со Европската унија со експертиза, но товарот на преговорите мора да го носи администрацијата. Ова е ставот на претставници од граѓанскиот сектор кои работата на пристапувањето на земјава во ЕУ и прашања поврзана владеењето на правото и човековите права, на загриженоста на министерот Манчевски, дека државната администрација нема доволно капацитет за водење на преговорите со Унијата. Според нив, партизацијата на администрацијата која не е запрена е еден од клучните проблеми за тоа.